| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанка пријавила дека и влегле дома: „Спасете ме пукаат во мене”

Околу 18 часот и 40 минути синоќа 73-годишната скопјанка Д.Т. се јавила во полициска станица и пријавила дека во нејзината куќа на улица “Божин Николов” во Скопје влегло непознато машко лице и побарало помош бидејќи непознати лица пукале кон него со огнено оружје.

Од страна на полициските службеници кои излегле на местото на настанот констатирано е дека се работи за лажно пријавување.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top