| четврток, 6 декември 2018 |

Непознат напаѓач му ја скрши ногата на Меси (фото)

Статуата на капитенот на аргентинската репрезентација, Лионел Меси, која е поставена во Буенос Ајрес, по втор пат е оштетена. Непознат сторител ја искршил, успевајќи да му ја „скрши ногата“.

Во јуни 2016 година, Меси ја доби статуата во главниот град, откако објави дека си заминува од националниот тим. Подоцна Лео се премисли и тој повторно е дел од „гаучосите“ кои треба да ги предводи на Светското првенство во Русија.

Статуата прв пат беше оштетена на почетокот на годината, а потоа гладските власи ја корегираа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top