| четврток, 6 декември 2018 |

Тешко повредена девојка во сообраќајка во Кисела Вода: Во 3 часот по полноќ се забиле во метална бандера

Деветнаесетгодишна девојка е во животна опасност по сообраќајката на улицата „Борис Трајковски“ во која учествувала како сопатник, а уште двајца нејзини врсници со помали повреди се пуштени на домашно лекување.

Од МВР информираат дека Д.З.(32) од Скопје вчера во 3 часот по полноќ управувајќи патничко моторно возило „Фиат Браво“ со скопски регистарски ознаки, удрил во метална бандера за улично осветлување и во автомобил „Тојота Јарис“, исто така со скопски регистарски ознаки. По незгодата, сопатниците од возилото „Фиат Браво“ С.Л.(19), М.В.Т.(19) и К.М. (20) сите од Скопје, се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, каде на С.Л. и се констатирани тешки телесни повреди и во животозагрозувачка состојба е задржана на лекување. Извршен е увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top