Владата планира да го намали бројот на предмети во училиштата, за учениците да можат да ги стекнуваат знаењата главно на училиште и да имаат повеќе слободно време дома – најави премерот Зоран Заев на денешната конференција на УНИЦЕФ за квалитетно образование.
Заев потенцираше дека сериозно се размислува да се укине предметот историја во основните и средните училишта.
– Затоа што се појавија многу проблеми со соседите, имаме во план целосно да го укинеме предметот историја. Експертите од Министерството за финансии утврдија дека за ревидирање на учебниците кое е предвидено со договорот со Бугарија и мерките за соработка со Грција, ќе чини многу. Немаме во моментов толку пари во буџетот, па најлогично ќе биде целосно да го укинеме предметот историја. И така нема логика да се учи историја, тоа е задлабочување во минатото кое само ги збунува учениците – изјави Заев на конференцијата на УНИЦЕФ.
Заев додаде дека историја и понатаму ќе се учи на филозофскиот факултет, за оние кои сакаат да се насочат кон ова поле. А можно е и формирање на нов факултет за историја, кој за декан ќе го има Божидар Димитров. Основците и средношколците наместо историја ќе учат нов предмет со помал фонд на часови.
– Наместо историја, учениците ќе го учат предметот иднина, во кој ќе бидат опфатени сите перспективи кои ќе ги донесат евро-атланските интеграции за Македонија. Ќе учиме за иднината и за животот кој ќе го донесе редефинирањето на Македонија, како слободна држава, еднаква за сите етнички заедници. Во министерството за образование веќе се припрема настанвната програма за овој предмет – рече Заев.
Следејќи го својот пример, Заев истакна дека треба да се промени и пристапот кон предметок математика.
– Многумина ми замеруваа кога во неколку наврати го промашив бројот на прислушувани разговори кои ги поседувам. Еднаш кажав 100.000, еднаш 20.000 и еднаш 1 милион. Ги прифаќам критиките, јас сум жртва на лошата програма по математика во македонското школство. Учејќи за изводи и интеграли, заборавив на собирање, одземање, множење и делење. Затоа ќе ја смениме програмата по математика, па до четврта година средно ќе се учат само множества и дропки. – рече Заев.
Премиерот Заев истакна дека поради комплицираноста на предметот, во неговото семејство си ги поделиле улогите. Па тој знаел само множење, а неговиот брат Вице бил експерт по одземање.
Луди Чифут
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.