Доколку не знаевте, бразилската манекенка и ангел на Викторија Сикрет има ново момче.
Учителот по неконвенционална медицина и писател Метин Хара го освои срцето на бразилската убавица која минатото лето го поминала во неговата родна Турција.
Само за потсетување, по разводот од српскиот кошаркар Марко Јариќ во 2014 година, со кој има и две ќерки, Адриана ја поврзуваа со неколкумина мажи – актерот Скот Иствуд, водителот и продуцент Рајан Сикрест, но и Џулијан Еделман, рагби играч и бејзбол играчот Џо Томас.
Како што се шпекулира, Лима го оставила Мет за Џулијан, а потоа раскинала и со Еделман, по што пронашла утеха во 35-годишниот турски писател.
Самиот Хара ја потврдил врската во турските медиуми, но јавноста почнала да шпекулира дека станува збор исклучиво за претстава, поточно за промовирање на работата на Метин. Наводно, манекенката му должела услуга на нивен заеднички пријател од Турција, продуцент кој сака да ја зајакне неговата кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст