| четврток, 6 декември 2018 |

Њујоршката опера ја прекина соработката со Џејмс Ливајн поради обвиненијата за сексуално злоставување

Раководството на њујоршката опера „Метрополитен” вчера ја прекина соработката со диригентот Џејмс Ливајн, кој е обвинет за сексуално злоставување.

Ливајн отпаѓа од програмата на претстојната сезона на операта и нема да учествува на никаков начин во нејзините активности, стои во соопштението на генералниот директор на „Метрополитен“, Питер Гелб.

Тој натаму нагласува дека раководството најмило и стручно лице, кое ќе спроведе „потполна и целосна истрага”.

Претходно, американските медиуми јавија дека неименуван маж од државата Илиноис го обвинува Ливајн за сексуални напади. Според сведоштвата, сексуалното злоставување започнало во 1985 година, кога диригентот имал 42 години, а жтрва – 15. Нападите не престанувале со години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top