| четврток, 6 декември 2018 |

Осум уапсени – се сомничат дека ја убиле новинарката

Малтешката полиција уапсила осум осомничени за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција, соопшти премиерот на Малта, Џозеф Мускат.

Апсењата се извршени речиси два месеци откако новнарката беше убиена со бомба поставена во нејзиниот автомобил

Сите уапсени се државјани на Малта и повеќето имаат криминално досие, изјави Мускат без да соопшти други детали.

Полицијата има рок од 48 часа за распит на осомничените по што треба да покрене обвиненија или да ги ослободи.
Каруана Галиција (53) беше убиена на 16 октомври. Таа водеше многу популарен блог на кој постојано објавуваше за можни случаи на корупција на високи политичари, без разлика на нивната партиска припадност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top