| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е голем празник: Света Пречеста ги слуша молитвите, направете го ова и ќе ви се исполни најголемата желба!

Денеска е Воведение на Пресвета Богородица.

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм. Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината. Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога”, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено и Син Човечки, Христос. Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот е Пречиста.

Богородица се смета за заштитничка на жените. Во некои места се задржал обичајот на Воведение, жените кои немаат деца, да преспијат во манастир како Богородица би им подарила пород.

На денешниот празник не би требало да се превземаат никакви поважни работи, да се склопуваат договори, да се започнуваат големи работи и слично. Исто така не би требало да се работи по дома, да се пере, пегла. Жените треба да ја празнуваат својата заштитничка. Жените на овој ден се причествуваат, бидејќи се верува дека Богородица на овој ден ги услишува сите молитви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top