Утрово во 3,30 часот нa граничен премин Богородица за влез во Република Македонија во товарно моторно возило ,,Волво‘‘ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.Т.(63) од Србија, со место на живеење во Скопје, откриени се 14 илегални мигранти, сите од Сирија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 12 часот од страна на мешовит патролен тим од Полициска станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица, на автопатот Гевгелија-Скопје кај место викано „Паркинг Милетково“ било забележано патничко моторно возило „Рено Еспејс“ со велешки регистарски ознаки. На даден знак возачот да го запре возилото, тој ја зголемил брзината и се упатил по локалниот пат кон село Миравци, каде по неколку стотини метри го запрел возилото и се дал во бегство.
Од страна на полициски службеници, лицето е приведено, при што е констатирано дека се работи за С.М.(35) од с.Бузалково, велешко. При контролата на возилото во истото се пронајдени дванаесет лица-мигранти, и тоа по пет лица од Авганистан и Пакистан и две од Шри Ланка. По инструкции од Јавен обвините, две од лицата ќе се спроведат до Транзитен Центар – Скопје, а останатите ќе бидат однесени во Прифатен центар за странци – Гевгелија. Возачот е предаден во Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст