| четврток, 6 декември 2018 |

Адвокатот на осудените, па ослободени од „Монструм“ си нарача случајот да го преземе СЈО

Не постои законски рок за тоа кога ќе започнат судските сослушувања за повтореното судење за случајот “Монструм”, бидејќи за почеток треба да се реализираат некои предуслови за потоа да почнат судските рочишта. Ова го кажа адвокатот на одбраната, Насер Рауфи, кој рече дека првично треба да се предадат одлуките до одбраната, да се одреди судскиот совет што треба да се преземе за овој случај и да се види кој обвинител ќе го земе случајот.

Адвокатот Рауфи вели дека се очекува дека расправата ќе биде повикана што е можно поскоро и дека овој случај ќе биде разработен итно. Тој додаде дека според информациите што ги поседува, Гордана Гешковска нема да биде претставник на обвинението, што за одбраната е многу добар момент. Тој не ја отфрли можноста овој случај да биде преземен од страна на Специјалното јавно обвинителство.

-Знаете дека приоритет се случаите кои се со притвор, за наша среќа, овој случај веќе не е со притвор, но како и да е ова е сложен случај, многу сериозен случај и се работи на итен начин. Наскоро ќе имаме известување кога ќе се одржи сослушувањето, но тоа се овие предуслови за да биде назначено судското тело за овој случај, ќе мора да дознаеме кој обвинител го доби случајот за да го презентира, но можно е специјалното обвинителството, сега во овој стадиум да го земе овој случај, бидејќи има законско право, се работи за активно обвинение, нема правна пречка за вклучување на Специјалното обвинителство, истакнува тој.

Рауфи рече дека со одлуката на Врховниот суд, каде што обвинетите од осудени на доживотен затвор се пуштени во домашен притвор, добиена е војната а не само битката. Тој изрази уверување дека овој случај ќе има позитивен епилог и дека тоа ќе се постигне за четири или пет судски сесии.

-Сигурен сум како и до сега, дека ќе го демантираме овој случај, мислам дека со ова што извегоа од притворот, а притоа тие беа осудени на доживотен затвор, во овој моментот практично ја победивме целосно војната а не битката и се знае каков исход ќе има овој случај. Мислам дека временскиот интервалот нема да биде долг, бидејќи се работи за момент на фингирани докази од страна на обвинителството, самото обвинителството не ги поседува туку само се повикува на обвинението … Мислам дека ќе постигнеме со неколку сесии, можам да кажам четири или пет сесии, да се демантира и да се демаскира овој случај, објаснува Рауфи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top