Деветмина се уапсени во Софија за време на синоќешните антивладини протести пред Владата на Бугарија. На петтиот ден од протестите учествувале речиси 7.000 лица. Според полицијата, кај приведените е пронајдено ладно оржује. Антивладини протеси синоќа се одржани и во Пловдив и во Варна.
Повод за овие протести беше изборот на контроверзниот бизнисмен и пратеник од редовите на партијата на бугарските Турци, Движењето за права и слободи, Делјан Пеевски за директор на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС). Иако тој се повлече од функцијата уште во саботата, ден по неговиот избор, протестите со барање за оставка на Владата и за одржување ново избори продолжија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.