| четврток, 6 декември 2018 |

Бариш Ардуч за својот живот: Израснав во средина каде е срамота да се зборува за секс

Вљубениот ерген успеа да ги освои буквално сите припаднички на понежниот пол во земјава, благодарение на неодоливата насмевка и згодното тело, кое го промовира и во серијата, играјќи кошарка или пливајќи во базенот.

На прашањето во турските медиуми – дали тој во приватноста би го направил истото што го направи Дефне во серијата, односно дали за пари ќе глуми вљубеност, тој одговори :

-Не би можел да глумам никако. Јас сум свесен и совесен, а кога би направил такво нешто, не би се чувствувал пријатно заради другата личност.

Бариш Ардуч е моментално еден од најпопуларните актерски имиња во Турција, кој поради улогата на Омер, стекна невидена слава и во сите останати земји во регионот. Жените го сакаат и посакуваат, а за тоа ќе каже дека е свесен, но дека не може за себе да каже дека е секси и да се восхитува од сопственото тело.

Ја има добиено титулата за најубав и најсексапилен маж во Турција, за што и веќе објавивме, но овојпат откриваме дали Бариш бил посакуван и за време на тинејџерските денови.

– Па, да… бев омилен и за време на школувањето, но никогаш од тоа не сакав да имам некаква корист или да се вообразам, како ни сега кога ме прогласија за Маж на годината во Турција…

…Тоа е само околност која може само дополнително да го мотивира човека. Сексипилноста и сексуалноста се неизоставен дел од секој човек, но јас израснав во средина каде е срамота да се зборува за тоа. Затоа и веројатно, не зборувам отворено на такви теми. Мислам дека не е убаво да се зборува за интимен живот на некого. Интимниот живот е приватна работа на секоја личност. Но, ајде да откријам еден детал кој неодамна го дознав…

На сетот каде што снимаме, девојките фанови ја бакнувале клупата на која седам. Убаво е да се има фанови, но ваква реакција е веќе застрашувачка. Не сакам девојките да се опседнуваат со мене толку. – додава Бариш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top