“Го славиме успешното лансирање на “Hwasong-15″, кое ја покажа силата и моќта на Северна Кореја пред остатокот на светот”, можело да се прочита на еден од транспарентите.
Северна Кореја вчера го прославила најновото лансирање на интерконтиненталната ракета, со огномет и кореографии на јавните плоштади, известил денес официјален севернокорејски медиум.
Дневникот на Работничката партија, “Родонг Синмун” на насловната страна објавил фотографија од плоштадот Ким Ил Сунг во Пјонгјанг, украсен со портрети од некогашни државни лидери и преполн со граѓани и војници.
“Го славиме успешното лансирање на “Hwasong-15″, кое ја покажа силата и моќта на Северна Кореја пред остатокот на светот”, можело да се прочита на еден од транспарентите.
Северна Кореја објавила во средата дека ја остварила својата цел – да стане нуклеарна сила, откако успешно тестирала нова интерконтинентална ракета која го ставила “целиот американски континент” во нејзин дострел.
По лансирањето, САД ги повикале сите земји, посебно Кина, да ги прекинат дипломатските и трговските односи со Северна Кореја.
точка.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст