| четврток, 6 декември 2018 |

Девојка се бори за живот по тешка сообраќајка во Скопје

На 02.12.2017 годинa во 03:00 часот во Скопје на улица „Борис Трајковски“ Д.З.(32) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Фиат Браво“ со скопски регистарски ознаки, удрил во метална бандера за улично осветлување и во паркирано возило „Тојота Јарис“, исто така со скопски регистарски ознаки.

По незгодата, со возило на Итна медицинска помош сопатниците од возилото „Фиат Браво“ С.Л.(19), М.В.Т.(19) и К.М.(20) сите од Скопје, се пренесени во Ургентен центар – Скопје, каде на С.Л. и се констатирани тешки телесни повреди и во животозагрозувачка состојба е задржана на лекување.

Oстанатите се здобиле со телесни повреди и се пуштени на домашно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.

ТАГОВИ:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top