| четврток, 6 декември 2018 |

Колапс по улиците на Грција – прогласена вонредна состојба поради поплавите

Во општината Агринио и Месологи во западна Грција од вчера е прогласена вонредна состојба откако обилните дождови предизвикале поплави и одрони во тој регион, пренесува АНА.

Грчката агенција наведува дека одлуката за вонредна состојба ја донел Апостолос Кацифарас после состанокот со локалните општински власти во Месологи.

Се наведува дека властите исто така одлучиле да формираат комитети за проценка на штетите по домовите, објектите за работа и инфраструктурите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top