Пејачката Јелена Томашевиќ и актерот Иван Босиљчиќ се во хармоничен брак веќе неколку години, во кој ја добија и својата 5-годишна ќерка Нина. За бракот, семејниот живот и родителството, пејачката искрено зборува во интервјуто за магазинот „Стори“.
По што се разликува вашиот брак од времето кога почна, освеншто во меѓувреме е крунисан со детето?
Можеби на тоа прашање би требало да се одговара за некои 20 години, мислам дека дури тогаш може да се зборува за некакви промени во бракот. Освен што сме од ден во ден се’ поголема поддршка еден на друг, ништо поголемо се нема сменето.

Иван остава впечаток на мошне романтична личност. Дали успева да ве разнежни со своите постапки секој ден?
Јавноста го познава Иван преку романтичните серии и претстави, а тоа е само мал дел од неговата личност. Всушност, тој е практичен и решителен маж, кој чекори низ животот спортски, и токму тоа ми се допаѓа кај него. Имаме мигови што се само наши, кога ќе запреме се’ и ќе се опуштиме. Тоа се непроценливи мигови.
Дали постои граница меѓу заљубеноста и љубовта, според вас?
Таа граница никогаш не ми беше сосема јасна, особено кога бев помлада. Но сега јасно разликувам заљубеност, како состојба на мигот, и љубов, како состобја на вечност. Од нас зависи дали ќе успееме од миг во миг да траеме засекогаш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


