| четврток, 6 декември 2018 |

Грција во неверување: ЕУ забранува гиро и ќебапи?

Грците со неверување ја примија веста дека постои можност Европската унија поради безбедност да забрани ќебапи и гиро, а #Free_Giros стана тренд на грчки Твитер.

– Дозволија конзерванси секаде, бомбардираат мали деца, но им пречи гиро…Ќе почнеме ли да јадеме гиро скришно и нелегално во подруми и во скриени локали? Ни го забрануваат гирото? Ваква Европа сакаме?, се само некои од коментарите на Грци на Твитер, јави Танјуг.

Ќебапите и гиро во Грција се под контрола на ЕП каде се наоѓаат пратеници на ЕК за фосфати во брзата храна ширум Европа. Сега гирото и ќебапите се под голем ризик да бидат забранети во Грција што ќе биде вистински хорор за Грците и не само за нив, туку и за останатите љубители на таа храна, објавија грчки медиуми.

ЕП покрена забелешки на предлог на ЕК да дозволи користење фосфати вклучително и форсфорна киселина, ди и три фосфати и полифосфати во месото на гирото и ќебапите.

До таа одлука е дојдено по загриженост за време на научен преглед во 2012 година за можна врска меѓу фосфатите кога се користат како адитив за храна и болестите на сцето,но доказите тогаш останале неусогласени.

Правилата на ЕУ обично забрануваат употреба на фосфатни адитиви во подготовка на месо во кои се користат за заштита на вкусот и спречуваат користење месо, но постојат и одредени исклучоци.

Гирото и ќебапите во Европа сега ќе мора да сочекаат гласање меѓу 11 и 14 декември во Стразбур за да дознаат дали омилената храна и понатаму ќе може да се служи во сендвичи со иста текстура и вкус како и досега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top