| четврток, 6 декември 2018 |

Пучдемон повика каталонските избори да се претворат во втор круг на референдумот

Поранешниот премиер на Каталонија, Карлес Пучдемон повика вонредните регионални избори на 21. декември да бидат прифатени како втор круг од референдумот за независност на покраината, пренесе „Паис“.

– Духот на 1. октомври (кога се одржа реферндумот за одвојување на регионот од Шпанија) е дух, што може да го надвладее авторитаризмот – рече Пучдемон, кој пребега во Белгија. Тој зборуваше преку видеоконференција кога ја презентираше својата кандидатура во неговото родно место во провинцијата Жирона.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој, сепак, рече дека е ставен крај на сепаратистичкиот процес во Каталонија, информира „Мундо“.

Во исто време, десетици илјади луѓе присуствуваа на концерт во поддршка на уапсените десет каталонски сепаратистички лидери, организирани од влијателна сепаратистичка организација на стадионот во Барселона, објавија француските медиуми.

Облечени во топла облека, гледачите вееја мали жолти знамиња, на кои на каталонски и англиски јазик пишуваше „Република Каталонија – СЛОБОДА – политички затвореници“. Концертот беше емитуван директно на интернет.

Според соопштението на организацијата „Каталонско национално собрание“, целта на настанот е прибирање средства во поддршка на „каталонските политички затвореници“ – билетите за концертот чинеа меѓу 10 и 30 евра.

Половина час по почетокот на концертот дел од местата беа слободни, но организаторите порано рекоа дека очекуваат околу 50.000 лица (со капацитет 55.000 на стадионот при концерт), бидејќи претходно се продале 45.000 билети.

Во понеделникот, Врховниот суд ќе објави дали ќе ги ослободи или ќе ги остави осумте каталонски политичари и двајца активисти на сепаратистите во притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top