| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните и денеска на протест, Груевски со нив: Се бара итно запирање на сите процеси на политички прогон

Студеното време и дождот ниту денеска не ги сопре граѓаните да излезат на протест против приведувањата пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава.

Протестот денеска е пред затворот во Шуто Оризари, а на него меѓу бројните граѓаните и денеска, како и претходните денови беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Граѓаните бараат итно и безусловно запирање на сите процеси на политички прогон, малтретирање, терор и иживување и ослободување на сите лица кои се цел на тој политички прогон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top