Хашкиот трибунал не е политичка институција и не суди народи, туку одговорни за тешки воени злосторства и кршење на Женевската конвенција, изјави главниот обвинител на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, Серж Брамерц.
– Осудените извршители не се војници кои се бореле за татковината, своите села или семејства, туку наредбодавачи кои убивале воени затвореници, заштитени со Женевската конвенција, истакна Брамерц во интервју за љубљанскиот весник „Дело“, додавајќи дека „нема ништо херојско во палењето на села, протерување на луѓе од нивните домови или поттикнување војници на масовно сексуално насилство“.
Во разговор за време на неговиот престој во Словенија на семинарот за млади правници, непосредно пред изрекување на пресудата за поранешниот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, тој нагласи дека осудата е исклучиво само за Младиќ, а не за народот.
– Многу е важно заедницата од каде што припаѓа извршителот да разбере дека ние тоа знаеме да го разликуваме, изјави Брамерц.
Главниот обвинител на Хашкиот трибунал потенцира дека „историски факт е оти врз припадниците на српскиот народ во операцијата Бура се извршени злосторства, а хрватската страна со задоволство го негира тоа“.
Тој во интервјуто вели дека е потребно политичарите да се оградат од извршителите на злосторства и да не користат националистичка реторика, со што се „оживуваат темните духови од 90-те години“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст