Сендвичот од печено месо на ражен се најде на удар на Европската комисија. Надлежните сметаат дека фосфатите што ги содржи месото се штетни по здравјето и затоа треба да се забрани. Од друга страна, производителите на донер велат дека без фосфати, месото се суши и не може да се продава.
Аргумент на ЕУ е и појавата на срцеви заболувања поврзани со прекумерното внесување фосфати во исхраната.
Производителите на турскиот специјалитет, кој е еден од најпродаваните во сите земји на ЕУ, велат дека не се забранети колбасите, кои исто така содржат фосфати и сметаат дека забраната има националистичка заднина.
Само во Германија дневно се продаваат по 3 милиони донери, а во 16. 000 донер – ресторани се вработени десетици илјади луѓе.
Предлогот беше отфрлен во Европскиот парламент на почетокот на неделава, но доколку се уважат новите студии за здравје и ако против донерот гласаат сите пратеници, предлогот за две недели повторно ќе биде вратен во Европската комисија во Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.