| четврток, 6 декември 2018 |

Астероид поминува во близина на Земјата на 16 декември!

Астероид 3200 Фаетон наскоро ќе пролета на нашата планета доволно блиску што Центарот за помали планети Меѓународната унија на астрономи го оквалификува како „потенцијална опасност“.

Американската вселенска агенција НАСА очекува дека Фаетон ќе биде најблику до Земјата на 16 декември на оддалеченост од десет милиони километри, што е околу 27 пати просечна дистанца меѓу нашата планета и Месечината (384.400 километри).

Фаетон е долг околу 5 километри, па затоа ќе биде трет најверојатно најопасен астероид што доаѓа во близина на сината планета.

Податоците од НАСА покажуваат дека ова ќе биде најблиско поминување на Фаетон покрај Земјата од 16 декември 1974 година кога пролета на само осум милиони километри. Луѓето тогаш не биле свесни за неговото присуство – Фаетон бил откриен дури во 1983 година.

Ова е најблискиот премин на Земјата од откривањето на астероидот и е добра можност за набљудување и детектирање на нови активности, соопшти американската агенција.

Научниците не очекуваат дека ќе биде доволно блиску до нас до 2093 година кога стероидот покрај Земјата ќе помине оддалечен само околу три милиони  километри, јави Блиц.

За време на следниот премин Фаетон може да биде видлив со помош на помал телескоп на темното небо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top