Интерпол не може да ја тргне потерницата по Рамуш Харадинај, затоа што таа е распишана по налог на Одделението за воени злосторства во Вишиот суд во Белград. Потерницата и понатаму е на сила, изјавиле за „Танјуг“ од Министерството за правда на Србија.
Од таму истакнале дека Интерпол може само да ја замагли потерницата, така што нема да биде видлива за неговите членови, како што тоа сега е случај со Харадинај.
„Но потерницата која ја распиша Србија за актуелниот косовски премиер останува на сила, како и истрагата против него која е во тек“, рекле за „Танјуг“ од Министерството.
Харадинај, рекле од таму, за Србија останува осомничен за најтешки воени злосторства направени на територијата на Косово и Метохија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст