| четврток, 6 декември 2018 |

Годините поминуваат, болката останува: Марина Туцаковиќ на гробот на синот (фото)

Марина Туцаковиќ и нејзиниот сопруг Александар Радуловиќ Фута вчера го одбележаа деветгодишниот помен на синот Милош Радуловиќ, кој почина ненадејно на 24. години.

Творците на бројни хитови излегоа на Новите гробишта, каде е погребан нивниот постар син. Туцаковиќ на гробот положи колачи, пијалок и цвеќе, а потоа седна на клупа и запали цигара. Гледаше во споменикот без да трепне, додека Фута стоеше покрај неа и разговараше со момчињата која дојдоа до него.

Марина за српски Курир изјави дека никогаш нема да се помири со загубата на синот, но и дека солзите одамна и пресушиле.

-Како што се ближи годишнина, го оплакував, иако солзите одамна ми пресушија. Милош е секогаш присутен во нашата куќа. Кога патуваме и тој оди со нас. Со секојдневната работа и проблемите на кои постојано наидуваме, човек некако се навикнува. Таа болка и недостаток која мајка ја чуствува за детето останува за цел живот и повеќе ништо нема да биде како порано. Моето семејство и јас се трудиме да се смееме и да бидеме позитивни, но загубата е секогаш тука со нас и тоа така останува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top