| четврток, 6 декември 2018 |

Пристигнуваат нови животни во скопската ЗОО

Во скопската зоолошка градина во моментов се гради ново живеалиште за слон, пингвини и шимпанза, а животните треба да пристигнат напролет.

Првата информација беше дека двата слона ќе бидат донесени од Леванте, Шпанија, но последната е дека најверојатно едниот ќе пристигне од Франција. Зоолошката градина во Скопје имала слон во збирката животни, и тоа индиска слоница по име Анка, која живеела од 1964 до 1992 година.

Покрај слоновите Зоолошката градина во Скопје ќе добие и пингвини.Од идејното решение за нивното живеалиште ќе зависи колку пингвини ќе бидат донесени од Виена. Пингвини ќе бидат прилагодени на европските услови на живот.

Исто така, во зоолошката градина при крај е и изградбата на мајмунарницата. Коко ќе се врати во Скопје заедно со неколку шимпанза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top