| четврток, 6 декември 2018 |

Прегазено дете во Скопје

Дваесет и девет годишниот скопјанец Е.Р. вчера управувајќи со своето возило, удрил во 41-годишниот Б.Д. и 8-годишно дете од Скопје, стои во соопштението на МВР.

Б.Д. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар, каде му е укажана лекарска помош и му се констатирани телесни повреди и истиот е задржан за понатамошни испитувања. Детето со друго возило било пренесено во Градска општа болница Св. “Наум Охридски”, каде му е укажана лекарска помош и констатирани му се тешки телесни повреди и е задржано за понатамошно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top