| четврток, 6 декември 2018 |

Страшна сообраќајна несреќа во Скопје: Почина младо момче

Страшна несреќа се случи во Скопје, а младо момче им подлегна на повредите.

Преку соопштение МВР објави дека вчера во 18 часот и 42 минути во Скопје на улица „Јадранска магистрала“, патничко моторно возило „Ланд Крузер“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 58- годишниот Н.Ј.А.М од село Орман удрило во пешаците 23- годишниот А.Н од Гостивар и 68- годишниот З.А од село Дебреше, гостиварско.

Истите биле пренесени во Градска општа болница “8-ми Септември“ каде во 19 часот и 20 минути од страна на доктор била констатирана смрт кај А.Н. додека кај З.А. се констатирани телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top