| четврток, 6 декември 2018 |

Синот на Дац меѓу актерите кои во знак на протест ја откажаа претставата

„Пријатели и љубетели на театарот, денеска се случи нешто што не смееше да се случи. СЕ ОТКАЖА ПРЕТСТАВА ВО МНТ. Покрај мојата сугетија и наредба да се игра претстава, глумците своеволно одбија да ја играат претставата “Ничија земја”, како поддршка за приведените глумци кои беа инволвирани во случувањата од 27-ми април во собранието. Сите до еден ќе бидат казнети за непослушноста и по разговорот со мене свесни се за проблемот кој го направија. Театарот постои за публиката и така ќе остане. Ова го почувствував како атак кон мене и кон нашата публика – напиша Драган Спасов -Дац во својата реакција откако актерите синоќа во знак на протест за притворот за нивниот колега Владо Јовановски, не ја одиграа претставата Ничија земја која беше на репертоарот на МНТ.

И веднаш на фејсбук се отвори муабет – Што сака да каже Дац со неговото „сите до еден“, зошто е потребно такво посочување. Всушност синот на Дац, младиот Стефан Спасов е дел од актерската екипа на „Ничија земја“. Тој беше еден од учесниците во Шарената револуција.

Во претставата играат Сашко Коцев, Никола Ацески, Александар Михајловски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Славиша Кајевски, Александар Ѓорѓиески, Борче Начев, Оливер Митковски, Камка Тоциновски, Ненад Анѓелковиќ, Стефан Спасов, Григор Јовановски, Кристина Гиева, Филип Миленкоски, Александар Иваноски, Марија Кондовска и Томе Станковски.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top