| четврток, 6 декември 2018 |

Воопшто не му е лесно на Меси – од Аргентина стигнаа вести за апсења, крв и пиштол…

Лионел Меси ужива во своите партии и настапи во дресот на Барселона, но ниту тој не може мирно да спие, бидејќи не е сѐ во најдобар ред со неговото семејство.

Најстариот од браќата Меси е уапсен, откако крвав пиштол бил пронајден на неговиот брод. Тој бил задржан во болница во Розарио, има видливи повреди на лицето, а тој се брани дека сам се повредил со пиштолот додека го чистел, а бродот налетал на силен бран.

Како и да е, Матијас Меси би можел да заврши во затвор поради нелегелно поседување на оружје. Тој бил уапсен и пред десетина години кога кај него бил пронајден наполнет пиштол. Во 2011 година беше пукано врз него од автомобил, а подоцна се испостави дека нападот го извршиле дилери на дрога кои ги бара Интерпол.

И вториот брат на Лео, Родриго Меси, исто така има проблеми со законот, бидејќи бил уапсен откако на бензиска пумпа во Шпанија извадил пиштол и чекал еден велосипедист со кого се скарал по пат.

Лионел Меси, пак, денеска ќе биде во составот на Барселона без оглед на овие вести, во пладневниот термин од 13 часот. Каталонците ќе бркаат победа по ремито против Валенсија, а за противник ќе ја имаат незгодната Селта од Виго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top