Еден од актерите кои играат во претставата ,,Ничија земја“, Оливер Митковски, на својот Фејсбук профил ја објасни одлуката зошто вчера не ја одиграат претставата пред публиката во МНТ.
Тие како знак на поддршка на нивниот колега Владо Јовановски, кој веќе е во затворски притвор за организираниот упад во Собрание на 27 април, ја откажаа претставата.
,,Во случајов поради недостаток на вистински информации за мотивите на нашето дејствување, а истовремено поради чувствителноста на политичката состојба во земјата, пред се поради низата организирани криминални дејствија од 27 април, јавноста со право шпекулира и бара одговори. Верувам дека на повеќето им се добро познати моите ставови во однос на владеењето на претходната политичка гарнитура, мојата осуда во однос на случувањата во собранието и мојата децениска борба за создавање на правна држава.
Дац: Ќе ги казнам глумците што ја откажаа претставата, ова е атак кон мене
Оттаму, нашата одлука не беше обид ниту да влијаеме на исходот на судските процеси, ниту да бараме амнестија за сторените дела. Напротив, сметаме дека доколку се докаже вината, Владо и сите останати учесници треба соодветно да бидат казнети, секој во зависност од тежината на стореното дело. Идејата беше да се сврти вниманието на јавноста и пред се на надлежните институции уште еднаш да ја преиспитаат својата одлука и да ја вратат првичната-домашен притвор. Сметаме дека во конкретниов случај, Владо има неколку олеснителни околности кои се доволни за оваа отстапка од страна на надлежните органи.
Тони Михајловски: Се надевам казната за колегите нема да е смрт со бесење
Точно е дека нашата одлука е емотивна, можеби по некои параметри и погрешна но во секој случај сметаме дека е човечна, посебно во време кога омразата доминира наспроти хуманоста. Можеби ќе видите извесни контрадикторности во однос на целото мое претходно залагање, жалам што дел од моите пријатели и познаници ќе бидат разочарани, но за мене одлуката да застанам позади оваа иницијатива е во суштина континуитет на мојата потреба да бидам не само колега туку пред се човек„ – напиша тој на својот Фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст