Хуан Фелипе Алвес Рибеиро би можеле да го гледаме во црвено-црниот дрес, но на Шкендија, открива „Македонски спорт“ во денешното печатено издание. Најдобриот фудбалер на Вардар за голема сума на пари би можел да прејде во редовите на најголемиот ривал во трката за шампионската титула.
Иако договорот на Бразилецот со бранителот на титулата истекува во 2020 година, сепак челниците на Шкендија се подготвени да го одврзат кесето и да платат за слободата на овој играч.
„Шкендија го „краде” Хуан Фелипе Алвес Рибеиро (29), најдобриот фудбалер на Вардар. Нашите информации велат дека има интерес од двете страни за реализирање на овој голем трансфер за наши услови“, стои во кратката најава на „Македонски спорт“ на официјалната интернет страница.
Фелипе во таборот на Вардар дојде во 2015 година, до сега има одигра 79 натпревари, за кои постигна 29 погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст