| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска славиме светец кој олеснува тешки маки и исполнува желби

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 ноември.

Денеска е Св. маченик Варлам и св. пророк Авдиј.

Свети Варлам беше Антиохиец. Заради верата во Христос како Бог, беше изведен пред суд и мачен. Најпосле, мачителите на дланката му истурија жар, а одозгора ставија темјан, сакајќи да го натераат да го фрли жарот со темјанот пред идолите, па така да го натераат да ги окади. Но, Варлам долго го држеше жарот во дланката, додека дланката сосема не му изгоре. Потоа, свети Варлам издивна од големата болка и го прададе својот дух на Бога. Пострада во 304 година. Денес Црквата го слави и свети пророк Авдиј, кој живееше 900 години пред Христос.

Светецот кој го славиме денеска се смета за заштитник на сите оние кои непаведно страдаат и патат одбивајќи да се откажат од своите уверувања и верба. Се верува дека секој кој денес ќе запали свеќа и ќе побара помош од овој светец, ќе добие олеснување и прошка за гревовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top