| четврток, 6 декември 2018 |

Евакуиран божиќен базар во Германија поради закана за бомба

Евакуиран божиќен базар во Германија поради закана за бомба. Центарот на Потсдам беше испразнет по претпоставка дека сомнителен пакет содржи експлозив.

Бомбата била испратена до аптека, но таа е во непосредна близина на божиќниот пазар, што доведе до општа евакуација.

Од аптеката ја повикале полицијата дека добиле сомнителен пакет со жици и електроника со големина 40х50 см.

Полицијата го уништила пакетот во контролирана експлозија. Тече истрага за тоа кој и зошто ја испратил бомбата на адресата на аптеката.

Подоцна стана јасно дека во пакетот немало експлозив. Во него е најден цилиндричен објект со кабли, батерии и клинци, но не и детонатор, објави локалната полиција на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top