| четврток, 6 декември 2018 |

„Се е според законот“- за Спасовски акциите на МВР со специјалци и кршење врати при апсење луѓе без досиеја

Искршени врати, растурени домови, полицајци со панцири и воена опрема, детски плач и вознемиреност ваква беше ситуацијата кај дел од приведените меѓу кои има познати оперски пејачи, актери, режисери, фукнционери,екс функционери, сите грагани без криминални досиајеа,  обвинети за настаните на 27 април.

Скандалозно и попмезно приведување на пратениците, демонстрирање на сила и покажување на политичка моќ, тоа беа само дел од насловите кои ги преплавија медиумите по повод приведувањето на дел од учесниците на настаните на 27 април.  Според министерот за внатрешни работи сите овие работи кои се случувале за време на приведувањето на пратениците биле во законски мерки.
-Тврдам дека целата оваа постапка е спроведена исклучиво на Законот за кривична постапка и врз основа на сите подзаконски акти и стандардни оперативни процедури кои се однесуваат на постапувањето на полицијата во вакви процедури – вели Спасовски.

Скандалозниот однос кон притворените не застана тука. Еден од осомничен за настаните од 27 – ми кому, откако доби мерка притвор му беше соопштено дека починала мајка му, сега побарал од судот да присуствува на погребот на својата мајка, но судот сурово го одбил барањето, пренесуваат медиумите. Иако адвокатите на осомничениот од судот побарале домашен притвор или некоја друга мерка се со цел осомничениот да може да присуствува на погребот на мајка му, судиката сурово го одбила барањето и на осомничениот му одредила мерка притвор и веднаш потоа бил префрлен во казнено поправниот дом Шутка и со тоа го оневозможиле за последен пат да се прости од својата мајка.

Детали од истрагата на приведените за крвавиот четврток: Кога примил решение за притвор, му кажале дека мајка му умрела

Извор: Алфа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top