| четврток, 6 декември 2018 |

Полицаец го сликал Чавков во затвор, OJO не знае кој го сторил тоа?!

Полицаец го сликал екс министерот Митко Чавков во Шутка, ова за Алфа го потврдиле извори од истрагата. Нивниот извор посочува дека затворски полицајци виделе како лице во маскирна униформа неовластено го слика Чавков додека е во дворот во Шутка. Алфа побарала одговор од Управата за извршување санкции, под чија надлежност се затворите.


„Фотографијата не ја направил вработен во казнено поправната установа Скопје. Случајот затворската служба го пријави до надлежните институции и истиот е процесуиран“
– велат од Управа за извршување санкции

Обвинителството пак не дава информации кој е сликарот во Шутка, се уште истражуваат дали било службено лице или не. Според законските норми и правила, во затворот освен службено лице не може друго лице да слика, затоа што затворениците ниту притворениците немаат ниту телефони ниту фотоапарати. За случајот, Алфа денеска повторно побарала изјава од обвинитеството.

Предметот е во предистражна фаза и на него активно се работи. Со цел да не се попречи постапката, исклучително важно е во овој момент сите информации кои се објавуваат во јавност да се внимателно проверени и доследно пренесени. Од овие причини, не сме во можност во овој момент да излеземе со изјава во камера“-велат од ОЈО.

Јавно обвинителство и по 4 дена никако да преброи колкумина биле во судницата на Скопска единица кога Чавков беше фотографиран додека чека да влезе на распит кај судија на претходна постапка. И за ова обвинителството, уште истражуваат дали службено лице сликало, или пак приватно. Ако сликарот во судницата било службено лице обвинителството ќе го гонело по службена должност, ако пак приватно лице го сликал Чавков во законот пишувало тој да си тужи сам.

Фотографијата од затворот во Шутка вчера беше објавена на социјалната мрежа Фејсбук, на групата Јавен ред и мир. Името на лицето кое ја објави фотографијата се совпаѓа со име на поранешен командир во една скопска полициска станица. Фотографијата од судницата пак дел од медиумите информираа дека ја објавил пратеникот Павле Богоевски, кој изјави дека фотографијата ја нашол на Фејсбук.

Полициски службеник на фејсбук со недолични коментари: Чавков ни е млада невеста

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top