Сестра Марија е родена во 1575 година како Маријана де Лејва, и заминала во манастир од својата 13-годишна возраст по барање на нејзиниот богат татко. Таа брзо почнала да води живот на калуѓерка, и се до дваесеттата година имала задача да ги подучува новодојдените девојчиња на правилата на монашкиот живот.
Но, човек од својата природа тешко дека може да избега, и многу во нејзиниот живот се променило откако се запознала со младиот и богат благородник, Ѓан Паолo Осијo. Тиј бил приближно на нејзина возраст, но веќе и на таа возраст имал репутацијата на љубовџија, а се шпекулирало дека е херој на улицата, момче кое било вклучено и во неколку убиства. Сепак, иако го знаела ова, сестра Марија не се грижела многу при комуникацијата. Напротив, таа очајно се заљубила во него. Двојката почнала да се среќава со Осиjо во засолниште во близина на манастирот, а нивните состаноци не можеле да останат незабележани.
И другите монахините набргу дознале за тајните врски на Маријана де Лејва, но биле солидарни со неа и откако сознанието не го пријавиле веднаш се плашеле од казна за сокриените информации. Некои од нејзините другарки во манастирот дури и помагале за полесно да се среќава со својот љубовник, и ги пренесувале писмата што ги пишуваале еден на друг. Излегувањето од манастирот била невозможна мисија без поддршка од другарките, а патем со нивна помош Маријана де Лејва имала и дупликат од клучевите.
Сепак, наскоро дошле “последиците”. Во 1602 година, Марија се породила за првпат, притоа донела мртво бебе на светот. Следната година монахињата Маријана де Лејва родила здрава девојка. Таткото Осиjо го земал бебето – Алма Франческа Маргерита, од мајката и од манастирот, ја признал на своја ќерка и ја однел дома.
Во летото 1606 година, еден од монасите побарал да се открие сè што се случило во животот на Вирдини во изминатите години. Љубовникот Осијо решил да ги онезвожи намерите на монахот по секоја цена, и набрзо го убил. Наводно, убиството било поддржано од други монаси, а Маријана де Лејва била вклучена во ова злосторство повеќе од сите.
По ова, вљубената двојка се нашла во голем проблем, и постојано страв дека монасите ќе прозговорат за убиство. Не запреле на тоа убиство, под стравот дека некој друг може да ја открие нивната тајна. Осио, и претходно познат по својата склоност кон насилност го убил и ковачот кој ги изработил дупликат клушевите од манастирот. Гласините брзо се ширеле, и дошле до гувернерот на Милано кој наредил апсење на Осија. Сепак, Осио успеал да избега од затворот во Милано, но не поживеал уште долго, бил убиен од некој негов познаник кој бил исплашен од заканите на Осио.
Кога надбискупот Федерико Боронео се запознал со скандалот, тој му нареди Маријана де Лејва да биде изведена пред црковниот совет, односно суд. Обвинетата ја бранела дека го загубила здравиот разум, тврдејќи дека хормоните и лудилото влијаеле на нејзиното однесување.
Судот не запрел тука. Ги барал сојузниците. Било спроведено испитување на свештеникот Паоло Аригоне, човек кој знаел а криел за гревовите на Маријана де Лејва, а за неговото признавање биле користени познатите методи на измачување кои ги применувале истражителите на инквизицијата.
На крајот, Маријана де Лејва, во монашкиот живот со име сестра Вирџина Марија, била осудена на ужасна казна – 13 години провела во мала просторија, соѕидана и без врата, со еден отвор преку кој и била доставувана храна и вода, оставена да се моли и покајува за своите гревови.
Сестра Вирџина, или Маријана де Лејва, ја издржала оваа казна и по 13 години излегла од затворот, соѕиданата соба. По издржаната казна останала во уверување дека ја платила казната за љубовта од која никогаш не се откажал. Остатокот од нејзиниот живот го поминала во смирение, покажувајќи голема посветеност на верувањето во Бога. Починала во нејзината 75-та година.
Оваа вистинита приказна за љубовта и страдањeто на монахињата сестра Вирџина е позната како “Опатицата да Монца”. Приказната била инспирирација за бројни ликовни уметници, писатели, од втората половина на 20 век, како и режисери на филмови како La Vera Storia Della Monaca Di Monza на режисерот Бруно Матеи.
Извор: Вечер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст