| четврток, 6 декември 2018 |

Дац: Ќе ги казнам глумците што ја откажаа претставата, ова е атак кон мене

Директорот на МНТ, Драган Спасов-Дац вечерва на својот фејсбук профил објави дека сите актери ќе бидат казнети затоа што не ја одиграле преставата „Ничија земја“ како поддршка на приведените глумци.

„Пријатели и љубетели на театарот, денеска се случи нешто што не смееше да се случи. СЕ ОТКАЖА ПРЕТСТАВА ВО МНТ. Покрај мојата сугетија и наредба да се игра претстава, глумците своеволно одбија да ја играат претставата “Ничија земја”, како поддршка за приведените глумци кои беа инволвирани во случувањата од 27-ми април во собранието. Сите до еден ќе бидат казнети за непослушноста и по разговорот со мене свесни се за проблемот кој го направија. Театарот постои за публиката и така ќе остане. Ова го почувствував како атак кон мене и кон нашата публика – напиша Дац во својата реакција.

Казната доаѓа откако 18 глумци ја откажаа вчерашната изведба на претставата „Ничија земја“, во Македонскиот народен театар (МНТ) како поддршка на колегата Владо Јовановски, кој доцна попладнево доби мерка притвор од 30 дена од Кривичниот суд во Скопје, како еден од 36. осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со организираниот напад во Собранието на 27 април.

Синот на Дац меѓу актерите кои во знак на протест ја откажаа претставата

Актерите Сашко Коцев, Никола Ацески, Александар Михајловски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Славиша Кајевски, Александар Ѓорѓиески, Борче Начев, Оливер Митковски, Камка Тоциновски, Ненад Анѓелковиќ, Стефан Спасов, Григор Јовановски, Кристина Гиева, Филип Миленкоски, Александар Иваноски, Марија Кондовска и Томе Станковски, излегле на сцената, и ѝ се извиниле на публиката дека ја откажуваат претставата во знак на протест за притворот за колегата Јовановски.

 

Во знак на протест за притворот на Владо Јовановски актерите пред полна сала ја одложија претставата Ничија земја

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top