| четврток, 6 декември 2018 |

Жителите на Нотигнем воодушевени после првото службено појавување на принцот Хари и Меган Маркл

Британскиот принц Хари и неговата вереница Меган Маркл ги воодушевија жителите на градот Нотингем, кои покрај студеното време им посакаа добредојде на парот и го поздравија нивното прво службено појавување во јавноста.
Парот слетал во Нотингем поради хуманитарен саем кој се одржува во овој град по повод одбележувањето на светскиот ден на борбата против сида.

За принцот Хари овој настан има симболично значење со оглед на тоа дека неговата мајка, принцезата Дијана која имала важна улога за отстранување на стигмата која долго време ја следи оваа болест. Токму таа во 1987 година ја отворила првата болница за лечење на заболени од ХИВ и АИДС во Лондон.

Хари и Меган ќе разговараат со професорите од Академијата во Нотингем за програмата “Full Effect”, иницијатива поддржана од Хари, неговиот брат Вилијам и сопругата Кејт. Целта на програмата е да ги одвратат младите од насилство.

Меган Маркл, идната војвотка, нема да ги продолжи соработките со многу организации во кои била активна, борејќи се за правата на жените, посебно за афро-американките. Во замена за тоа, ќе продолжи со хуманитарни акции како член на кралското семејство, онака како што тоа го прави Кејт Мидлтон.

точка.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top