Јавното претпријатие „Македонија пат“ вечерва соопшти дека отежнато се одвива сообраќајот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица поради обилните врнежи од дожд и одрони на патот.
Претходно, информираше дека не е проооден и локалниот пат од селото Железнец до селото Мало Илино во Демир Хисар и оти отежнато се одвива сообраќајот на патот Маврово – Галичник, 100 метри пред Царева Чешма поради излевање вода на коловозот.
Поради одрон по една коловозна лента во должина од 10 метри се одвива и сообраќајот на патот Виница – Берово кај месноста викана Рибарник.
Се санира и состојбата со поплавата на подвозникот кај клучката Матка во Скопје, во близина на бензинската станица „Бис Оил“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст