| четврток, 6 декември 2018 |

Праљак не умрел во болница

Осудениот генерал Слободан Праљак починал во зградата на Хашкиот трибунал и мртов бил пренесен во болницата, јавува хрватската Нова ТВ.

Уредничката за надворешна политика на Нова ТВ тоа го дознала од високи дипломатски извори на Хрватска.

-Новиот детаљ кој ексклузивно ми е потврден и кој го дознавам од високи и ценети дипломатски извори е дека генералот Праљак не починал во болница, како што објавил Меѓународниот казнен суд за поранешна Југославија. Тој починал во казнениот суд, се обидувале да го реанимираат и после тоа мртов е префрлен во болница, и тоа не во истата за која зборувал портпаролот на судот туку во друга болница, која ќе биде објавена по обдукцијата – рекла Петровиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top