Поради излевање вода на коловозот отежнато се одвива сообраќајот на патот Маврово – Галичник, 100 метри пред Царева Чешма. Поставена е соодветна сигнализација и се препорачува тој пат да не се користи до санирање и нормализирање на сообраќајот, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во вечениот извештај за состојбата на патиштата.
Се уште на терен се екипи за санирање на поплавата на подвозникот кај клучката Матка во близина на бензинската станица „Бис Оил“. Во поплавувањето настанато од дождот и дефект на водоводна мрежа на ЈП „Водовод и канализација“, беа заглавени биле четири возила, а луѓето од нив беа извлечени од Бригата за противпожарна заштита.
Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива пo влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 100 до 150 метри има на Страцин и до 100 метри на планинскиот превој Плетвар.
Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот., информира АМСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


