| четврток, 6 декември 2018 |

Јанушев: Излезете, овие се судбоносни моменти за татковината

Ви благодарам на сите што дојдовте денес овде и покрај сите закани и уцени, да покажеме пркос на се она што се случува во нашата држава. Сите ние повторно заеднички да застанеме на браникот на татковината, истакна Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест пред Кривичниот суд- Скопје.

-Ова не е начинот на кој што треба да оди Македонија. Тоа го знаат и пилците на гранките, на сите им е јасно. Сакаат да не разнебитат, како народ и како држава. Сите ние тоа нема да го дозволиме- заеднички и храбро, рече Јанушев и додаде:

„Често овој период добивам прашања од типот нели мислам дека е време да се повлечам, доволно сме дале во овие десетина години и повеќе, нели е време да се посветиме на фамилиите? Знаете што им одговарам? Кој друг ако не ние, кој друг ако не ВМРО-ДПМНЕ на браникот на нашата татковина. Тоа треба да ни биде идеја водилка на сите нас. Храбро и чесно, и покрај сите закани и уцени и покрај целиот страв кој се шири низ државата од оние кои сакаат да ни го сменат името, да го разнебитат нашиот народ. Заеднички, обединети како никогаш до сега. Ги повикувам сите да ја тргнат политиката на страна, да излезат и да не поддржат, бидејќи овие се судбоносни моменти за нашата татковина“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top