| четврток, 6 декември 2018 |

Паника и страв: Евакуиран божикниот пазар во Потсдам

Поради откриен сомнителен пакет попладнево бил евакуиран Божикниот базар и околната зона во германскиот град Потсдам.

Пакетот бил доставен во аптека во близина на панаѓурот.

Според извештајот на полицијата сомнителниот пакет содржел експлозив. Полицијата го евакуираше божиќниот базар и околната зона, по добиена информација попладнево за откриен сомнителен пакет. Во аптеката каде е откриен еден од вработените го отворил пакетот и внатре забалежел елементи од експлозивот.

По минатогодишниот напад со камион на Божикниот пазар во Берлин, нивото на опасност од потенцијални напади во Германија е на висок степен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top