| четврток, 6 декември 2018 |

Убијците од Монструм за тероризам ќе се бранат од слобода, луѓето од Заедничка Македонија во притвор

Врховниот суд одлучи обвинетите од „Монструм“ веднаш да бидат пуштени на слобода. Според судот на обвинетите Агим Исламиловиќ, Фејзи Азири, Тахи Азири и Сами Љута им се определени други мерки за претпазливост, и тоа забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, како и редовно јавување пред Основниот суд Скопје I Скопје два пати неделно.

Врховен одлучи обвинетите од ,,Монструм“ да бидат ослободени од затвор

Лицата осомничени за убиство на децата кај Смиљковското Езеро ќе бидат дома. Наспроти тоа но притвор се оние кои ја пееа македонската химна во Собрание. Оние за кои се води постапка поради убиство на невините деца и рибарот кој случајно се нашол таму направиле помало злодело од оние кои поради незадоволство од незаконскиот избор на Талат Џафери, поранешниот командант на ОНА, за претседател на Парламентот упаднаа во собранието искажувајќи го својот револт.

Игор Дурловски ја пееше македонската химна. На ниту една снимка или фотографија не се гледа тој, Богдан Илиевски, Борис Дамовски, Владо Јовановски и останатите приведени за нередот во Собранието на 27 април им се суди за тероризам. Оперскиот пејач со светска слава, Дурловски се наоѓа во притвор. Но затоа обвинетите за убиството на децата, на монструмското дело ќе бидат дома.

„Алфа“ го објави целиот разговор со таткото на убиениот Наќевски: Заев е преварант и монструм (ВИДЕО)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top