| четврток, 6 декември 2018 |

Врховен одлучи обвинетите од ,,Монструм“ да бидат ослободени од затвор

Врховниот суд одлучувајки по барањето на бранители попладнево информира дека е донесена одлука мерката притвор да биде заменета со куќен притвор за четворицата кои беа во затвор.

– Врховниот суд на Република Македонија донесе решение по предметот Вкж2 бр.3/2016, познат во јавноста како „Монструм“, со кое на обвинетите А.И., Ф.А., Х.А. и С.Љ. им се определени други мерки за претпазливост, и тоа забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, како и редовно јавување пред Основниот суд Скопје I Скопје два пати неделно, а обвинетите веднаш се пуштаат на слобода, се вeли во соопштението од Врховниот суд.

Веховниот суд претходно ги прифати жалбите на одбраната и ги укина првостепената и второстепената пресуда и случајот го врати на повторно судење. Шестемина обванети претходно беа осудени на казни доживотен затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top