
Подвозникот кај клучката Матка во близина на бензинската пумпа „Бис Оил“ е поплавен во висина од еден метар, соопшти Авто мото сојузот на Македонија, повикувајќи се на информација од РЦУК.
Поплавувањето е настаното заради врнежите од дожд и дефект на водоводната мрежа. Заглавени биле четири возила, а патниците биле извлечени од страна на Бригадата на противпожарна заштита.
На терен се уште работат екипи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


