Никола Ѓорѓиев, познат како командант Коки, кој беше уапсен лани на 17 декември, останува во притвор, потврдија за Република во Основниот суд Скопје 1.
Ваква одлука донел судскиот совет на овој суд, во четвртокот на 17 јануари. Новиот притвор на Ѓорѓиев ќе трае од 17 јануари до 17 февруари.
Тој беше уапсен по обвинување дека нападнал полицаец. На 17 декември во неделата бил запрен од полицајците на булеварот Октомвриска револуција поради брзо возење. Полицајците побарале да се легитимира, но тој почнал да ги навредува. Во тој момент полицајците го предупредиле да внимава што зборува, а осомничениот Ѓоргиев тргнал физички да се пресметува со нив.
Според МВР од ударите во глава еден од полициските службеници добил контузија, по што е пренесен во градската општа болница, каде што лекарите констатирале потрес на мозокот. Полицаецот е задржан на натамошно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


