| четврток, 6 декември 2018 |

„Кнез Владимир“ за Британците е најсмртоносната подморница на светот

Не спласнува интересот на британските медиуми за новата руска подморница „Кнез Владимир“, која на 17 ноември беше спуштена во морето кај Северодвинск. „Кнез Владимир“ е четвртата нуклеарна подморница од Проектот 955 „Бореј“ и првата модернизирана крстосувачка подморница од класата „Бореј-А“. Таа треба да влезе во составот на Северната флота во 2018. Во бродоградилиштето Севмаш се градат уште четири вакви подморници, а нивното спуштање во вода е планирано до 2022 година.
Во текстот за „Кнез Владимир“ Дејли мејл ја нарекува „најсмртоносната подморница во светот“ и наведува дека „Кнез Владимир“ може да лансира ракети на далечина од 9.300 километри и има работна длабочина на потопување до 400 метри, што ја прави речиси невидлива за радарите.

Во коментарите под текстовите на британските медиуми се води жива дискусија.

Еден од читателите пишува: „Изгледа дека тие отидоа неколку години нанапред кога станува збор за вакви нешта“, иако има и коментар дека: „Поголемиот дел од руското оружје е отпад, кое ќе се распадне пред појадок. Без оглед на тоа што ви го кажуваат вашите лидери, Русија не е велесила и НАТО благодарение на Соединетите Американски Држави лесно ќе ги здробат овие дрвени тенкови и пешадиски борбени возила“.

 

Целиот текст на МКД.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top