Собранието на Република Македонија ги прифати барањата на Основниот суд Скопје 1 Скопје за притвор на пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудовски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски. Со тоа заврши постапката предвидена со Деловникот на Собранието и Уставот за симнување на пратеничкиот имунитет.
Се гласаше поединечно за секој пратеник за кој Основниот суд 1 побара одземање на имунитетот поради притвор. На седницата присуствуваа 67 пратеници, а за одземање на имунитетот на колегите гласаа 67, односно 66 пратеници.
Пратениците на ВМРо-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата.
Пред расправата престедателот на Собранието Талат Џафери побара од говорниците да се воздражт од навредливи квалификации и од навлегување во независноста на судството.
Пратеникот Павле Богоевски, кој е и претседател на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања претходно предложи двете точки од Дневниот ред да се спојат во една точка и да се гласа поединечно за секој пратеник.
– На расправата на Комисијата вчера предлогот беше идентичен како денеска, но бидејќи станува збор за еден ист кривично правен предмет вчера Комисијата одлучи да ја спои расправата и да гласа поединечно за секој од пратениците – рече Богоевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст