| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја подготвува нова нуклеарна проба

Не го криеме фактот дека нукеарната проба и различните сателити со долг дострел што ќе ги истреламе ќе бидат насочени против САД, предупреди Комисијата за национална безбедност во соопштението.

Највисокиот воен орган во Северна Кореја соопшти дека нуклеарната проба ќе биде само дел од „претстојните сеопфатни акции“ која ќе одбележи нова фаза во односите против својот „стар непријател САД“

Јужна Кореја верува дека Северна Кореја „технички е подготвена“ да изведе трета нуклеарна проба. Лансирањето ракети пак, се смета како дел од тајната програма за развој на интерконтинентални балистички ракети кои можат да носат боеви глави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top